Верувам дека е време да се донесе одлука, во наредните недели – месеци. Прашањата се изнесени, нема да станат полесни во иднина, мора да се соочиме со нив. Имаме две влади со одлучни лидери и компетентни влади и треба брзо да се придвижиме нанапред, обидувајќи се некои од овие идеи повторно да ги презентираме на двете страни и да се приближиме до решение. Во наредните месеци ќе видиме дали се приближуваме кон решение, изјави изјави на прес-конференцијата во МНР, медијаторот Метју Нимиц кој е во посета на земјава, на новинарско прашање околу временската рамка за решавање на спорот за името.
„Не сакам да ги потценам разликите во гледиштата, се надевам ќе се решат, но се создава еден позитивен момент и треба да се искористи. Ова е вистинско време да се обидеме да постигнеме напредок, конечно да го решиме и регионот да тргне напред со двете земји, а пријателството меѓу двете земји да продолжи“, додаде Нимиц.
Тој рече дека не сака да шпекулира што ќе се случи ако македонско – грчките преговори за името не успеат.
„Стигнати сме до точка кога двете страни напорно работат да се постигне решение. Не сум чул ништо од грчка страна што би значело порекнување на идентитетот на народот тука и верувам дека решението кое што е можно е конзистентно со зачувување и јакнењето на идентитетот. Ја сум многу оптимист, има разлики во ставовите на двете земји,но во Атина не сум чул негирање на идентитетот“, рече Нимиц.
Според него, овдешната Влада е доволно компетентна за да го сочува идентитетот на народот.
„Народот не треба да се грижи затоа што има Владата што се грижи за нивниот идентитет. Има прашања за дефиниција на јазинкот, народот се грижи дека ова е прашање кое што го засега идентитетот, некои од тие прашања се предмет на дискуија и верувам дека ќе се изнајде решение“, рече медијаторот.
Тој додава дека ОН работат со држави во однос на тоа како се употребува името на државата, но дека во ОН не се расправа за идентитетот.
Запрашан дали гледа иредентизам во името на Македонија, медијаторот рече:
„Во нашите дискусии сме зборувале за прашањето на иредентизам – дека треба да се навратиме на Резолуцијата на Советот за безбедност од 1992 година, со која се одлучи дека ова е безбедносно прашање и затоа се препредвиде привремената референца и почна процесот на разговори. Без да навлегувам во тоа што е иредентиза,, не е мое да пресудувам, јас сум медијатор“, рече Нимиц.