Нимиц: Преспанскиот договор е решение за спорот, но и основа за нов почеток

Од:

Како нешто најчудно и нелогично го гледаа спорот за името Македонија сите оние кои од страна го набљудуваа или од време на време се информираа за процесот, но посредникот во спорот за името меѓу Северна Македонија и Грција нагласува дека оние кои биле директно влучени во процесот можеле да разберат дека станува збор за прашање кое задира во сржта на идентитетот и националното чувство на безбедност на засегнатите.

Поранешниот специјален претставник на генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц, за кого светските медиуми објавија дека е човек кој целата своја кариера ја посветил на еден збор, во деталната анализа за Nationalities Papers, академското списание кое го објавува Кембриџ Јуниверзити за Асоцијацијата за студии на нациналностите, дава детален преглед на спорот и неговото конечно решавање.

Нимиц, кој повеќе од 20 години се обидуваше да ги приближи двете страни да го решат спорот, е роден на 17 јуни 1939 година, точно на денот кога во Нивици на Преспанското Езеро беше потпишан Преспанскиот договор, со кој се стави крај на речиси тридеценискиот спор меѓу двете соседни земји.

Нимиц во својата детална анализа говори за историскиот контекст на спорот, процесот на преговарање, временското прашање, поставувањето нова рамка за решавање на прашање, како и за обидите да се разбие принципот на аверзија на загубеното и тој да се замени со она што може се добие ако се најде решение.

-Откако спорот беше решен со Преспанскиот договор во јуни 2018 година, повеќето набљудувачи од страна се прашуваа зошто беше потребно толку многу време. Сепак ова беше прашање кое одеше директно во срцето на идентитетот и националното чувство на безбедност, вели Нимиц.

Нагласува дека во овој за многумина необичен случај, менувањето на името на новата независна држава, вклучувало длабоки проблеми поврзани со идентитетот на две посебни страни и нивното различно сфаќање за историјата, културата и идната на регионот.

-Решавањето на спорот за името меѓу Грција и нејзиниот северен сосед креираше важна нова можност за поконструктивни односи и побезбеден Балкан. Договорот од Преспа, потпишан на брегот на Преспанското Езеро, кое ги дели двете држави е решение за спорот и основа на нов почеток, вели Нимиц.

Нагласуваќи дека Договорот беше поздравен од светските метрополи како голем чекор за регионот, истакна дека важно е да се препознае дека Преспанскиот договор немал широка поддршка и во двете земји и, како што напиша „едвај ги добиел потребните парламентарни гласови и гласовите на граѓаните и во Грција и во нејзиниот северен сосед“.

Нимиц нагласува дека македонското прашање преставува стратешка мултидимензионална контроверза, која била на агендата на Европа од 19 век.

-Иако генералната перцепција е дека проблемот во голема мера е решен со Преспанскиот договор, нема гаранција дека контроверзата со името нема повторно да се појави во регионот и да предизвика нови проблеми во иднина, забележува Нимиц, кој во својата анализа ги посочува различните агли на пристапување на спорот кај двете страни.

Стратегијата на преговорите, вели тој, беше да се разбие острата разлика во перцепциите за спорот, да се идентификуваат перцепциите кои водат до доминирање на принципот на аверзија на загуба кај двете страни и да се направи обид за преиспитување на прашањето.

-Ова преиспитување беше само делумно успешно и мора да се признае дека и во двете држави голем број од граѓаните на Договорот го гледаат низ призма на загубеното. Како и да е верувам дека значително се намали интензитетот на аверзијата кон загубата за време на преговорите, но беа потребни 20 години за реафирмирање, како и ефикасни и посветени политички лидери од двете страни, вели Нимиц и во тој контекст се осврнува и на заложбите на поранешниот шеф на грчката дипломатија Никос Коѕијас и министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров, но и на двајцата поранешни премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев.

Нимиц вели Скопје, се жртвувало прифаќајќи го концетот ергаомнес, а за возврат беа одблокирани интеграциите на земјата во ЕУ и НАТО, но најважно од се е што се афирмираше глобалното прифаќање на македонскиот идентитет и македонскиот јазик, нешто во што никој не треба да се сомнева, вклучувајќи го и јужниот сосед Грција.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Сакаме добрососедски односи со Северна Македонија, но не толерираме селективно усогласување со меѓународното право

Герапетритис: Доколку Северна Македонија продолжи со оваа политика, имаме средства за дополнителен притисок

Државниот врв во Северна Македонија систематски го крши Преспанскиот договор, Грција ги повторува обвинувањата

Катерина Ѓуровски

САД: Ќе работиме со Северна Македонија и Грција да го одржaт Договорот од Преспа

Мицотакис: Грција нема да ги открие оружјата што ѝ се на располагање доколку соседната земја продолжи со актуелната тактика

Мицотакис ќе го отвори прашањето за непочитување на Преспанскиот договор на самитот на НАТО, нема потврда за средба на премиерите