Николовски: Земјоделски субвенции добиваат медиуми блиски до власта

Од:

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска обвини дека субвенциите, наместо кај земјоделците, завршуваат кај медиумите блиски до власта.

Тоа, според него, го потврдил и министерот Михаил Цветков во интервју во кое вели дека фирмата „Трансмет“, сопственост на Сеад Кочан кој воедно е сопственик и на ТВ Нова,  добила тендер за изградба на системот за наводнување Равен – Речица, вреден 8,5 милиони евра.

cvetkov intervju

– Цветков, со образложение дека не го интерсира дали градежните фирми имаат телевизии или не, најавува и можност „Трансмет“ да добие уште еден тендер, за браната Речани, кој е во тек, изјави Николовски.

Тој посочи дека во период од една недела, од 16 до 22 февруари годинава, МРТ, Сител, Канал 5 и Алфа емитувале позитивни прилози за ВМРО-ДПМНЕ во времетраење од 5,58 часа, а негативни немало воопшто.

– Ова е уште една потврда зошто се потребно слободни медиуми, рече допполнителниот заменик-министер.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите

Земјоделците бараат корекции на програмата за субвенции

СДСМ: Кратењето 40 милиони евра субвенции за земјоделците Трипуновски го претставува како „реформа“

Трипуновски: Нови услови за субвенции, ќе се зголемат контролите на корисниците

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

Владата ќе продолжи да ги субвенционира сметките за електрична енергија