(ВИДЕО) Николовски: Земјоделците трпат за леб, Мијалков и Груевски се шират во нафтениот бизнис

Од:

– Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ немаат право да ја загрозуваат егзистенцијата на земјоделците кои немаат земено ниту денар од субвенциите, рече Љупчо Николовски, СДСМ.

Тој ги обвини пратениците дека работат за заштита на криминалот и нафтените платформи и дека сакаат да ги крадат граѓаните до последен ден. Несериозни кадри ги узурпираат институциите и не ги даваат парите на граѓаните кои ги заслужиле. Се сменија тројца директори, а никој од нив не исплаќа субвенции на земјоделците, рече Николовски.

Тој нагласи дека додека земјоделците трпат за леб, Сашо Мијалков и Никола Груевски се шират во нафтениот бизнис.

– Да имаше нова влада, земјоделците ќе земаа поголеми субвенции и ќе имавме воведено зелена нафта. Доцнат реформите за младите фармери кои секојдневно си заминуваат од Македонија, вели Николовски.

Според него со прекинување на узурпацијата на говорницата и избор на претседател, а потоа и нова реформска влада, граѓаните ќе имаат многу големи придобивки.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана