Николовски: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи државата и ја заборави Крива Паланка

Од:

Слободата, еднаквоста и прогресивноста се основни вредности на СДСМ, порача синоќа пратеникот Љупчо Николовски од Крива Паланка, на почетокот на караванот „Мугри на слободата“.

„Од Крива Паланка пак ќе тргне победата. Како што во 2010 освоивме десетпати подобар резултат, така и денеска ќе се исправи грешката од 8 мај. И на локалните и на парламентарните избори“, порача Николовски, истакнувајќи дека оваа општина ќе биде симбол на промени.

Оваа Влада, додаде тој, ја замени европската перспектива со националистичка хистерија. Наместо визија – ширење на омраза. Наместо отворени кластери и ЕУ грантови – нови долгови. Наместо неповратни средства од ИПА фондовите – кредити со камати.

„Наместо да сме како Албанија, која отвора кластери со ЕУ, нашата власт ги задолжи идните генерации со кредити од држави, а не од меѓународни институции. Ние бевме лидери во ИПАРД – тие сега ни ја укинуваат целата перспектива“, рече Николовски.

Тој рече дека дека борбата за слобода не почнала вчера ид ека продолжува. „Се боревме со протести, со бомби, со маршеви. И ќе продолжиме да се бориме. Без систем и без ЕУ – ништо нема да се смени. А тие што велат дека ќе градат систем, не направија ништо освен што го оставија Кочани без државна поддршка“, истакна Николовски.

Тој остро ја нападна владата и за маргинализирањето на Крива Паланка: „Го бришат градот од сите капитални програми, не постои министер што ја посетил општината. Тие не само што немаат план, туку немаат ни доблест да се појават меѓу луѓето.“ – рече Николовски.

Николовски заклучи дека СДСМ останува единствената државотворна партија, со визија и искуство да ја врати Македонија на вистинскиот пат.

„Сега е моментот да се исправат неправдите. Победата ќе биде на сите граѓани што веруваат во работа, правда и иднина.“ – заврши тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ристески: Доста беа лаги и празни ветувања – време е за промени во Аеродром

Герасимовски: За две години засадивме 2.000 високо стеблести садници зеленило

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче повторно виткаат кичма пред Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Јавното здравство е во колапс, приватните болници му диктираат на министерот

(ВИДЕО) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува да раководи со Аеродром, општина која треба да биде средена, урбана и пристојна

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шукова од Кисела Вода: Топ 20 проекти за Скопје да стане град за достоинствен и здрав живот