Николовски: Стево троши пензијата, не се брукај, не ја руши позицијата на Македонија

Од:

Стево Пендаровски – човек кој два пати изгуби Претседателски избори, вториот пат со историски најголема разлика, после 10 месеци реши да се појави во јавност и да го напаѓа Премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ заради поддршката на САД и Претседателот Трамп. Пендаровски кој иако вети не се откажа од доживотна пензија на грб на граѓаните, го напаѓа претседателот на нашиот стратешки партнер број 1. Арогантно дели „ум“ на светски лидери, а сам себе не се гледа, вели министерот за транспорт Александар Николовски.

Човекот кој масовно ја злоупотребуваше Агенцијата за разузнавање со наредба да фабрикувааат извештаи за нас од ВМРО-ДПМНЕ дека сме „проруски”, „антизападни” , „антиамерикански”, за мене слушам напишале дека сум претставник на „иранско – турско – унгарско влијание” и пуштаа гавази да ги молат стратешките партнери пола од носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ да завршат на црна листа за така да се спасат од пораз, истиот тој сега е најантизападен и најантиамерикански. Стево троши пензијата, не се брукај, не ја руши позицијата на Македонија и дружи се со пријателите од Агенција за разузнавање додека можеш!

Би можело да ве интересира

Јаревски: Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи

На Пендаровски ќе му мирува правото на пензија, на 29 пратеници од претходниот состав им е одобрена апанажа

Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцелартија со тројца вработени

Катерина Ѓуровски

Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција

Сиљановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски

Официјална церемонија на примопредавање на претседателската функцијата