Николовски: Според кој правилник е увезен пијалокот штетен по здравјето?

Од:

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, Љупчо Николовски тврди дека правилникот со кој Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја правда спорната пратка на алкохол со поголема доза на кофеин – Ламар, не е важечки. 
Според Николовски, агенцијата се повукува на правилник кој престанал да важи септември 2015, а увозот се реализирал во февруари годинава. Според Николовски, не е спорна назнаката за количеството на кофеин, туку комбинацијата на алкохол и количеството ан кофеин.

Николовски покажа документи кои ја демантираат вчерашната изјава на АХВ дека тие не го побарале стучното мислење од Институтот за јавно здравје. Според Николовски, примерокот е земен од нивни инспектор од граничниот премин Блаце и е доставен до Институтот за јавно здравје.

– Неточно и лажно е дека ова стручно мислење не е на барање на АХВ, затоа што има докази кој барал. Примерокот од мострите за анализа е земен од инспектор на агенцијата на граничен премин Блаце и истиот од агенцијата е доставен до инстиутот за јавно здравје. Еве ги иницијалите на инспекторот – изјави Љупчо Николовски.

Агенцијата за храна и ветеринарство вчера рече дека стучното мислење не по нивно барање, а во денешната реакција не го коментира ова обвинување. Николовски потенцираше дека пијалакот внесен на 9-ти февруари е штетен за здравјето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николовски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

Горан Наумовски

Филипче најави тужба за клевета против Николоски – го нарече „кафански озборувач“

(ВИДЕО) Николоски: Очекувам двојна победа, победа на претседателските избори и победа на парламентарните избори

Николовски: Не добивме кредибилен демант дека не се следат комуникациите на граѓаните во Македонија

А1он

Владата сега е опремена со сите можни планови и стратегии за борба против корупцијата

Жарко Настоски

Николовски за дивоградбите: Не можеме 50.000 семејства да ги оставиме без покрив над глава

Жарко Настоски