Николовски: СДСМ донесе нова декларација за борба со криминалот после случајот Рекет

Од:

По завршувањето на состанокот на ЦО на СДСМ на кој беше донесена одлука за нова декларација за поддршка на раководствосто на СДСМ власта, генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски рече дека последните случувања покажуваат дека постои целосен заштитен механизам што функционира на релација граѓани-МВР-обвинителство што може да се справи со криминал и корупција, сите се еднакви пред Законот.”

Во однос на функционерите за кои има сомнежи во јавноста дека се вмешани во рекет, Николовски кажа дека е потребна темелна истрага за целосна борба против криминалот и корупцијата.

На прашање дали на состанокот беа присутни функционерите со псевдоними Кики и Фрики, кои се споменуваат дека се замешани во случајот, Николовски не сакаше конкретно да одговори, потенцирајќи дека состанокот се одржал во проширен состав и дека биле присутни повеќе пратеници, министри, градоначалници и членови на ЦО.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов