Николовски: Реалноста е сосема поинаква од она што го прикажува Мисајловски

Од:

Додека Владо Мисајловски од фејк-њуз ВМРО свесно објавува и шири лажни вести со кои ги манипулира граѓаните, реалноста е сосема поинаква, напиша денеска на Фејсбук генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

-Реалност се пречистителните станици, реалност се автопатите, регионалните патишта и гасификацијата низ цела држава! Направени за напред да одиме сите. Ние остануваме посветени на развој и унапредување на инфраструктурата, а ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на поделби, омраза и она што го знае најдобро, да биде фејк-њуз партија, напиша Николовски во објавата.

Тој реагира на објавата на Фејсбук на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, кој објави фотографија од реконструкција на пат и праша дали ова е градежната офанзива на владејачкиот СДСМ, што предизвика реакции, а медиумите објавија дека фотографијата која ја објавил всушност е од општината Киршдорф во германската покраина Баварија, а не кај нас.

Според вестите од германските медиуми, објавени на 4 јуни, фотографијата е од баварската општина Кирхдорф, а тамошниот градоначалник Уве Герлсбек тогаш изјавил дека патеката изгледа полошо отколку што навистина е, додавајќи дека нерамнините речиси и не можат да се забележат додека возите велосипед.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел