Николовски: Пуленот на Груевски, Христијан Делев, правел злоупотреби во МЗШВ

Од:

Дополнителениот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска обвини за незаконски зголемена површина под закуп  и овозможување неплаќање на закупнина на друштвото „Лозарство“, ДОО с.Таринци.

Николовски на прес-конференција пред МЗШВ рече дека поранешниот заменик министер за земјоделство и актуелен  заменик министер за економија, Христијан Делев надвор од законски предвидената постапка, потпишал анекс договор со „Лозарци“ со кој друштвото се ослободува од плаќање на закупнина од 2004 до 2007 година.

Според Николовски, анекс договорот е спротивен на Законот за трансформација на претпријатијата и задругите со општествен капитал кои стопанисуваат со земјоделско земјиште. Тврди дека согласно член 18 од овој закон „Лозарство“ Таринци не смеело да биде ослободено со анекс договорот бидејќи првото регистрирање на фирмата е 1999 година и веќе ја имале искористено поволноста од 4 години неплаќање на закупнина.

– Со овој анекс договор Делев  му  овозможува уште една поволност на „Лозарство“ Таринци, повторно прекршуваќи го Законот за земјоделско земјиште и без јавен оглас, овозможува зголемување на површините на „Лозарство“ од 329 хектари на 334 хектари државно земјоделско земјиште, рече Николовски.

Тој праша по кој основ и кој му дал овластување на Делев како заменик министер, а не министер, да потпише ваков анекс договор. Николовски рече дека и понатаму ќе продолжи да ги штити интересите на, како што рече, вистинските земјоделци.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп