Николовски по состанокот на ЦК: Општинските комитети ќе формираат изборни штабови

Од:

По завршувањето на состанокот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, потпретседателот Александар Николовски рече дека опозицијата не води битка за доаѓање на власт, туку за зачувување на името на Македонија. Тој рече дека Заев порано или подоцна ќе си оди, додавајќи дека на седницата на Централниот комитет биле усвоени сите предлози од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Извршниот комитет вчера побара да се формира техничка влада со мандат од 100 дена, а со тоа премиерот Зоран Заев заедно со министрите да поднесат оставки, а на нивно место да бидат назначени кадри од ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата бара и Анкетна комисија во Собранието, која треба да ги испита сите нерегуларности на референдумот, притоа, да се разреши и актуелниот јавен обвинител кој замижува пред очигледниот криминал, пред и за време на референдумот.

„ЦК детално ги анализираше нерегуларностите во одредени општини каде над 50 илјади гласови беа злоупотребени во текот на референдумскиот ден, односно имаше полнење на кутии. Според набљудувачите се случи фалсификување на волјата на граѓаните и тоа резултираше со незапаметен грабеж, затоа Централниот комитет ја потврди одлуката дека не го признава резултатот на референдумот“, рече Николовски по завршувањето на состанокот со ЦК.

„ВМРО-ДПМНЕ во текот на утрешниот ден ќе поднесе кривична пријава до ОЈО против повеќе од 200 лица кои извршувале функција на претседатели, заменици-претседатели, членови и заменици-членови на избирачки одбори на избирачките места Струга, Центар-Жупа, Кичево, Желино, Боговиње, Пласница и Сарај. Покрај овие лица, пријави ќе бидат поднесени и за службени лица од МВР, кои несовесно ја извршувале должноста за која биле овластени пред, на денот на референдумот и по него. На сите лица им се ставаат на товар шест кривични дела, кажа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

„Изборот на нов јавен обвинител кој ќе биде предложен од опозицијата ќе биде гаранција дека на можните предвремени парламентарни избори нема никој да биде сведок на кражба на гласови“, наведе Николовски.

Потпретседателот на партијата ги повика сите граѓани да се обединат за националните интереси.

„Потребно е широко народно обединување со цел заштита на Македонија и издигнување на државата“, рече Николовски.

Централниот комитет заклучил дека општинските комитети итно треба да формираат изборни штабови кои ќе функционираат до завршување на претседателските избори идната година.

 

 

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму

Најмалку што може да направи ЕУ, е да не не дискриминира, вели Мицкоски

Жално е позитивните индикатори во државава да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Да победиме во Скопје и да ги решаваме многуте работи во градот, пред се должничко-доверителни односи, вели Мицкоски

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски ургирал во СВР Штип за да се спаси газдата на „Пулс“, што крие ЈО и дали Коцевски го штити Спасовски?

Мицкоски: Главна понуда на СДС на овие избори е црна кампања и трикови

А1он