Николовски: Оваа енергија од кампањата да ја претвориме во глас за Живот во Македонија

Од:

Почитувани граѓани во недела ќе се одржат историските избори во Македонија, граѓаните одлучно ќе застанат зад страната на животот, затоа што изборот е или режим или живот, рече Љупчо Николовски, носител на кандидатска листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 3.

Почитувани граѓани бидете сигурни дека ако сте корисник на социјална помош и ако гласате во недела за големи промени, ќе си ја задржите социјалната помош која што е загарантирана со закон и таа ќе расте.

Ако сте пензионер и ако гласате за промените кои што доаѓаат, ќе ја задржите вашата пензија, и пензиите ќе растат согласно законот двапати годишно, согласно трошоците за живот и растот на платите.

Ако сте вработен во јавната администрација и ако гласате за промени, ќе си го задржите вашето работно место и никој повеќе нема да ве притиска, како до сега.

Ако сте земјоделец и ако гласате за промените во недела, вашите субвенции ќе бидат загарантирани, но и многу зголемени. Ако сте земјоделци оризопроизводители, сакаме да ви порачаме, дека ако гласате за промени после 12 декември, откупот на оризот со новата влада предводена од коалицијата за живот и од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, откупот на оризот ќе биде од 25 денари арпа и 50 денари бел ориз, затоа во недела да се избориме за крупните промени во Македонија.

Почитувани граѓани бидете спокојни гласањето во недела ќе биде тајно и зад параванот сте сами. Ова е уставно загарантирано право, никој не може да знае за кого ќе гласате, зад параванот и во пенкалата и никаде на друго место нема камери, никој не може да го види вашиот глас.

Затоа почитувани граѓани, во недела на 11 декември оваа енергија од оваа кампања, да ја претвориме во гласање за животот во Македонија, да ја претвориме во гласачките кутии и да го избереме Планот за живот во Македонија, во недела да гласаме за бројот четири да го вратиме животот секаде во Македонија.

Би можело да ве интересира

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он