Николовски: Нека е честит денот на шумската полиција

Од:

„Денеска, пред точно 18 години, е формирана Шумската полиција, чие функционирање е важен аспект за граѓаните, бидејќи се обезбедува заштита на шумското богатство на Република Македонија.

Припадниците на шумската полиција заслужуваат честитки за нивното ангажирање и извршување на своите секојдневни и тешки работни задачи, бидејќи многупати се изложени на напади и опасност по нивните животи.

Состојбата во последните години во овој сектор е катастрофална, без основни услови за работа. Овој сектор е запоставен и материјално и финансиски.

Затоа, честитајќи го овој значаен ден на припадниците на шумската полиција, им порачувам да истраат во изршувањето на нивните должности, бидејќи со промената ќе им бидат овозможени услови за нормално функционирање и враќање на достоинството на нивната професија.

Нека е честит денот на шумската полиција“, се вели во честитката на Љупчо Николовски, дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп