(ВИДЕО) Николовски: Нема да дозволиме ниту еден вработен да има плата под 16.000 денари

Од:

Носителот на листа на коалицијата за пратеници во ИЕ 3 од коалицијата предводена од СДСМ, Љупчо Николовски вечерва во Облешево на средба со жителите истакна дека една од програмските задачи е да се спречи изнесувањето, како што рече, на нашите пари надвор од Македонија.

– Лага е дека ќе обезбедат минимална плата од 14 илјади денари. Ја компираа оваа мерка од СДСМ. Минималната плата нема да биде помала од 16 илјади, истакна Николовски пред жителите на Облешево.

Додаде дека просечната плата на крајот од мандатот ќе биде 30 илјади денари, и оти предвидуваат 140 милиони евра за малите и средни претпријатија за да го стимулираат бројот на вработени.

– Во секој семеен буџет ќе се слее уште една плата од ДДВ кој ќе го вратиме на граѓаните. Предвидуваме институциите да работат за секој граѓанин во државата. Предвидуваме 640 милиони евра за субвенции на земјоделците. Токму затоа на 11 декември ќе го избереме планот за иднината,за живот во Македонија, рече тој.

Ќе го донесеме, најави тој, законот за зелена нафта, ќе направиме ревизија како е доделено земјоделското земјиште, 10 милиони евра годишно предвидуваме за системи за одводнување, а секој земјоделец има ќе има бенефициран стаж.

Додаде дека средства во висина од 56 милиони евра средства ќе се обезбедат за интервенција на државата која ќе застане зад оризопризводителите, при што, како што рече, државата ќе мора да има грижа за откупот и пласманот на оризот.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он