Николовски: МЗШВ потврди дека незаконски распишале оглас без одобрение од Владата

Од:

„Свесно или не, со својот демант МЗШВ потврди дека незаконски распишале оглас на 12.12.2015 година, без да биде обезбедено одобрение од Владата.

МЗШВ потврдија дека не го почитувале Законот за јавни набавки, член 26-а, став 2 каде изречно пишува дека е потребно одобрение од Влада, а не одобрен повеќегодишен акционен план на Владата.

На одржаната прес конференција, јасно и прецизно нагласивме дека се работи за незаконска постапка за изградба на брана Речани на Оризарска река – општина Кочани, а не како што стои во демантот на МЗШВ за изградба на пристапен пат до Оризарска река.

Затоа уште еднаш прашуваме, зошто е објавен тендер, без да биде обезбедено одобрението од Владата?

Зошто е постапено спротивно на член 26-а, став 2 од Законот за јавни набавки, во кој јасно се нагласува дека постапката за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка, започнува врз основа на одобрение кое го издава Владата на РМ?

Молчењето, неодговарањето на поставените прашања, криењето на фактите и вистината нема да ги спаси од одговорност.

Наближува денот кога секој што работел спротивно на законот ќе одговара“, се вели во соопштението на Љупчо Николовски, дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Системот за авионско засејување на градоносни облаци е добар проект со кој 80% ги заштитуваме земјоделските површини

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев и Хоџа: Со акцијата за пошумување ги обновуваме зелените површини за здрава животна средина

Ана Ололовска

Од утре делумна забрана за движење во шумите

Ана Ололовска

Вкупно 600.000 евра поддршка од МЗШВ за четири факултети – ќе се опремуваат лаборатории и ќе се реализираат научно-истражувачки проекти

Ана Ололовска