Николовски: Министерството да биде партнер на откупувачите

Од:

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска беше во посета на струмичкиот регион каде оствари средби со откупувачите на земјоделски производи.

На средбата, како што изјави Николовски, ги слушнал проблемите и нивните институционални бариери со кои се соочувале откупувачите во текот на својата работа и при извозот на земјоделските производи.

– Откупувачите ќе бидат наш партнер во текот на работата и во тек на креиорањето на политиките во периодот што следи. Задолжително институциите при носењето и на законите и на подзаконските акти ќе мораат да ги консултираат и откупувачите и другите засегнати страни во тек на носењето на сите прописи со кои се регулира токму нивната работа. Тоа е обврска која мора да ја преземеме, изјави Николовски.

Исто така, додаде, се обврзуваме дека институциите, промоторите, Министерството, сите агенции и целата Влада ќе мора да даде силна поддршка со цел да се овозможи што поголем извоз на земјоделски производи.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он