А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Николовски: Ќе се зголемат средствата за заштита на шумите

by А1он14/08/2017 - 13:18212
Share0

Колкава површина шуми се оштетени од пожарите што ја зафатија Македонија, ќе се знае утре откако на владина седница ЈП „Македонски шуми“ ќе ја соопшти точната бројка, рече денеска министерот за земјоделство, шумарстви и водостопанство Љупчо Николовски.

Добивај вести на вибер

Од тоа ќе зависи, истакна, дали забраната за движење во шумите се уште ќе биде во сила.

Николовски на прес-конференција потенцира дека опожарената дрвна маса нема да се става во промет и ќе биде под строга контрола од страна на Инспекторатот.

Воедно најави дека од идната година буџетските средства за заштита на шумите ќе се зголемат и наместо сегашните седум милиони, ќе изнесуваат 35 милиони денари.

– Во претходните десет години десеткратно е намален износот на буџетот за заштита на шумите, од 70 милиони денари во 2006-та, на седум милиони во 2017 година, напомена министерот.

Одговорајќи на новинарски прашања во врска со пожарите, информира дека на негово барање се засилени сите контроли, и инспекциските и оние на шумската полиција.

– Сите капацитети на Министерството се ставени во целосна функција и сите обврски и надлежности се преземени навреме. Пред почетокот на пожарите е донесена забраната за делумно движење во шумите, а потоа е воведена и целосна забрана. Во 24-часовна подготвеност се ставени Шумската полиција и Државниот инспекторат за шумарство и ловство кој врши вонредни контроли. Постојано сме на терен и ја следиме состојбата, посочи Николовски.

Според него, поразителни се податоците во однос на ревизијата на ефикасноста на претпријатијата и институциите надлежни за шумите.

– Ревизијата со години не се спроведувала. Сега почна и секои три месеци ќе добиваме податоци. Ќе почекаме целосно да завршиме за да ги соопштиме податоците, рече министерот.

nikolovski

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бочварски до Николоски: Зошто стои реализацијата на брзата пруга?

Горан Наумовски27/11/2025 - 17:02

Николовски: Изградба на рекреативен градски парк и реконструкција на улици во Кратово

Горан Наумовски14/10/2025 - 19:44

Николоски: Брзата пруга е економски најзначајниот проект за цела Југоисточна Европа

Предраг Петровиќ26/09/2025 - 09:03

(ВИДЕО) Николовски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

Горан Наумовски22/05/2025 - 15:4422/05/2025 - 15:53

Филипче најави тужба за клевета против Николоски – го нарече „кафански озборувач“

Анита Петровска Рајковиќ22/04/2024 - 11:57

(ВИДЕО) Николоски: Очекувам двојна победа, победа на претседателските избори и победа на парламентарните избори

Горан Наумовски21/03/2024 - 19:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен