Николовски: Ги враќаме парите кај граѓаните

Од:

Денеска сме во Свети Николе и во Лозово. Рзговараме со овие ѓраѓани за нивните проблеми, за лагите на криминалната власт, но и за нашиот План за живот Македонија.  Овде ги нема 20 илјади крави на Субрата Рој. Ја нема ветената инвестиција Холандска за произвоство на печурки. Овде веќе е затворен и земјоделскиот факултет. Затоа од тука ја праќаме пораката: стоп на криминалот, на изнесувањето на милјарди евра наши пари надвор од Македонија! Стоп на иселувањето на младите луѓе, вели Љупчо Николовски, носител на кадидатската листана СДСМ и коалицијата во И.Е 3.

Токму затоа, со нашиот план за живот во Македонија предвидуваме, првин праведна распределба на државното земјоделско земјиште, тоа ќе биде во рацете на луѓето на кои што му е најмногу потребно и кои што ќе произведуваат храна во државата. Ќе воведеме поефтина зелена нафта за секој земјоделец, субвенциите ќе бидат 640 милиони евра во првите четири години од нашиот мандат. Но тие ќе ги добиваат вистинските земјоделци, навремено тогаш кога им се потребни.

За секој млад човек ќе обезбедиме по 10 илјади неповратни средства за секоја добра бизнис идеја. Ќе обезбедиме кредити од 15 илјади евра со 1 % камата, за секој млад човек. Ќе отвориме старт ап бизнис центри каде што младите луѓе ќе можат да отворат свој бизнис, своја компанија, за само едно евро основачки влог и ќе ги користат привилегиите , ќе бидат ослободени од комунални трошоци,ќе имаат целосна светководствена и финансиска и правна поддршка.

Преку сите столбови од нашиот План за живот на Македонија ги враќаме парите назад кон ѓраѓаните.

Токму затоа на 11-ти декември ќе одбереме живот во Мкедонија!

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он