Николовски доби награда за особен придонес за развој на Крива Паланка

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска во Крива Паланка, присуствуваше на манифестација организирана по повод 8-ми октомври, Денот на ослободувањето на Крива Паланка, на денешниот ден одбележуваат 74 години од ослободувањето на градот.

Министерот Николовски, заедно со градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, амбасадорката на Украина, Наталија Задорожњук и претставници од други македонски и странски збратимени општини положија цвеќе на спомен бистата на паднатите борци од Народноослободителна борба.

„Со одлука донесена на свечената седница на Советот на Општина Крива Паланка на министерот Николовски му се доделува награда за особени постигнувања и придонес за развој на Крива Паланка, а на амбасадорот на Европската Унија, Самоил Жбогар му се доделува награда за почесен граѓанин. Градоначалникот Мицевски на министерот Љупчо Николовски му се заблагодари за големиот придонес во меѓународни и национални рамки и несебичната поддршка за различни проекти од сите области, а кои се важни за развојот на општината“, соопштуваат од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во рамки на денешната манифестација во Крива Паланка се одржа и настанот „Шопска софра“ , кој е поддржан од МЗШВ, каде што се презентираа традиционални јадења од Македонија и од општините збратимени со Крива Паланка, како и традиционални фолклорни носии.

Би можело да ве интересира

Филипче: Сашко Митовски ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Горан Наумовски

Николовски: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи државата и ја заборави Крива Паланка

(ВИДЕО) Го врза кучето и го влечеше од автомобилот – кривична за 23 годишник од Крива Паланка

А1он

Тројца насилници од тераса турнале познаник

Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори