(ВИДЕО) Николова: Собранието непрекинато да работи до избор на Комисија

Од:

Пратеничката од ЛДП, Јулиана Николова, обвини дека ВМРО-ДПМНЕ прави преседан во Собранието.

– Секоја година, до 2014-та конститутивната седница ја води најстариот пратеник, а сега седницата ја води Трајко Вељаноски кој не е најстар пратеник.

Побарајте од службите да се ажурира делот за претседател на Собранието, бидејќи три месеци имаме претседавач, а не претседател, рече Николова.

Таа повторно побара Собранието да работи додека не заврши 3. точка, односно избори на Комисија за избори и менување и кажа дека претседавачот има заменици кои можат да ја продолжат седницата, ако Вељаноски не може.

– Ако претходно се мислев дали станува збор за капацитет или волја, сега сум сигурна дека немате волја да работите, рече Николова.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска