Николова кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ: На маиците го носите Гоце Делчев ама во душата го носите Тодор Александров

Од:

Пратеничката на СДСМ Даниела Николова денеска од собраниската говорница и порача да опозицијата дека нивното викање и закани се за народот да не ја чуе вистината, за да ги скрие своите лаги и манипулации.

– Вие сте очајни во постапките, кои покажуваат дека единствено ви е важна власта, зборувате за идентитет, за македонски јазик, а не прифаќате решенија, кои го гарантираат тоа, извадивте куп бугарски пасоши, на маиците ви е Гоце Делчев, ама во душата го носите Тодор Александров, зборувате за важноста на македонски јазик, а сакавте да ја затворите катедрата за македонски јазик на УКИМ, на Фејсбук пишувате статуси „ајмо звиждаљке“, нели на чист македонски јазик, истакна Николова.

Пратеничката Николова додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е една антиевропска коалиција, која сака да дојде на власт само затоа што е исплашена од пресудите за својот криминал и не можат да се помират дека двете стратешки одредници на нашата држава – НАТО и ЕУ се реализираат токму во време на СДСМ, па затоа шири лаги за бугаризација и асимилација, како што ширеше лаги за кантонизација,федерализација, бегалски кампови и казни за неучење албански јазик.

– Има ли поголемо зло од тоа на своите граѓани да им ја одземете европската иднина, да ги приморате да вадат туѓи пасоши да заминат во ЕУ , зборувате за иселување младите, а сте против тоа да им отворите европска перспектива, нема да ви успее и овој пат, порача пратеничката на СДСМ Даниела Николова.

Би можело да ве интересира

Митрески: Македонската иднина е европска, со македонски јазик, култура, идентитет и историска посебност

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Јанушев: Даре, те гледам во очи и ти кажувам дека си однароден мрсник, бугарски

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Стојаноска до СДСМ: Вашето гласање ќе има важност колку една обична бугарска прдешка

Ана Ололовска

ВИДЕО: СДСМ и сите партии на Албанците ги изгласаа заклучоците за францускиот предлог

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Николоски: Прифаќањето на бугарските барања е најголемо предавство во независна Македонија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Калеска Ванчева: Најголемата грешка на ВМРО-ДПМНЕ е што сакаше со лаги да ги злоупотреби граѓаните

Ана Ололовска