Николова: Ако може пратеник и министер да имаат двојно државјанство, зошто не и амбасадор

Од:

“Доколку би можел пратеник, министер, претседател да биде личност со двојно државјанство, тогаш зошто тоа не би важело и за амбасадор, која што е прилично деликатна, конзервативна професија”, вели пратеничката во Собранието од ЛДП Јулијана Николова, која заедно со колегата од ДУИ Артан Груби, се прердлагачи на измените на постојниот Закон за надворешни работи, по скратена постапка, кој е во второ читање.

Со измени кои требаа да поминат на матичната собраниска Комисија за надворешна политика, која и денеска после неколку пати се одложи поради зафатеност на пратениците со учество на други комисии, двајцата пратеници, рече Николова предлагаат во членот 36 да се избрише зборот „само“ што би значело дека ако досега амбасадори можеа да бидат исклучиво лица со македонско државјанство сега се дава можност и на луѓето кои што имаат уште едно државјанство да имаат можност да бидат амбасадори.

Со тоа што, повикувајќи се на Виенската конвенција, вели, ставено е ограничување да не можат да бидат амбасадори во земјата од каде што е второто државјанство.

Постојат повеќе аргументи за тоа.

ЌТргнавме од тоа што се наведува во Уставот дека пред законот сите државјани на Македонија се еднакви и можат да вршат јавни функции, а дополнително и со Законот за државјанство е наведено дека секој граѓанин на Македонија или државјанин може да има второ државјанство, но во државата ќе се третира исклучиво како да е државјанин на Република Северна Македонија.

Можеме да ги разгледаме и примерите во Европа, каде многу европски земји ја направија оваа промена. Би ја спомнала тука една конзервативна Швајцарија која пред четири години ја направи истата промена”, вели пратеничката Никиолова.

Таа посочува дека во предлогот тргнуваат од принципот еднакви можности за сите, а и имајќи ја предвид реакноста каде значаен број граѓани се со двојно државјанство.

“Доколку би можел пратеник, министер, претседател да биде личност со двојно државјанство, тогаш не гледаме зошто тоа не би важело и за амбасадор, која што е прилично деликатна, конзервативна професија.

Меѓутоа во сите други професии каде што имаат допир со сензитивни инфоармации може да се има двојно државјанство, сметавме дека ова е добар предлог и затоа и го поднесовме до Собранието”, вели Николова.

Покрај седницата на Комисијата на која на дневен ред беа измените на Законот за надворешни работи, денеска не се одржа ниту седницата на која членовите на оваа Комисија требаа да ги слушнат платформите на шестмина новоименувани амбасадори, а која исто така се одлага веќе неколку пати.

Би можело да ве интересира

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ

Зајкова: Со конкретна стратегија до подобри резултати и повеќе влијание во локалната самоуправа

Владината коалиција е стабилна и цврста, дали ЛДП би биле дел од владината коалиција се уште не е разговарано, вели Мицкоски