Николов: Здравствениот систем запаѓа во безредие

Од:

„Здравствениот систем запаѓа во безредие. Во отсуство на министерот кој користи одмор и тера кампања за градоначалник со министерството управува заменик министерот, Гоце Чакаровски, кому око не му трепнува за новостанатата ситуација и состојбата во која запаѓа здравството.

Нередот во здравството го плаќаат граѓаните со своето здравје.

Додека СДС се грижи како да ги наполни болниците со директори со криминално минато и лица кои имаат судир на интереси, во струмичката болница не работи компјутерскиот томограф.

Повеќе од 100.000 граѓани од Струмица и околните општини се оставени без оваа неопходна дијагностика.

Годишно овој апарат снима повеќе од 12.000 пациенти, кои сега се приморани да патуваат до Штип и до Велес.

Најлошо е тоа што поправката на овој апарат не е ниту на повидок.

Пациентите најмалку уште три месеци нема да можат да ја користат оваа здравствена услуга во струмичката болница.

СДС не се грижи за здравствената опрема оставена во наследство од владата на ВМРО-ДПМНЕ, а уште помалку се грижи како да набави дополнителна опрема и да ја зголеми опременоста во здравствените установи.

Под палката на СДС квалитетот на здравствените услуги рапидно паѓа. Зачестена е смртноста на новороденчињата која министерството сакаше да ја сокрие од јавноста.

Ситуацијата во здравството се влошува, а неодговорната политика на СДС е на пат да го намали квалитетот на здравствени услуги, што на долг рок ќе има изразити последици врз здравјето и животот на луѓето.

Граѓаните и здравствените работници се сведоци на неодговорното работење на СДС во здравството и за истото ќе ги казнат на претстојните локални избори на 15-ти октомври“, изјави Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството