Николов: Пожарот од Светиниколско се шири кон Штип, преземаме сè за негово гаснење

Од:

Поради силниот ветер, пожарот од Светиниколско, брзо се прошири накај штипскиот дел, информираше вечерва на социјалните мрежи градоначалникот на Штип, Сашко Николов.

Пожарот беснее кај Кадрифаково, Криви Дол и Доброшани.

„Сакам да ги известам граѓаните дека навремено се мобилизиравме и сложно се организиравме сите, со цел да спречиме ширење на пожарот! На терен веќе се противпожарните екипи од Штип и од Свети Николе и заедно со припадници на Армијата и полицијата се борат со пламените јазици. Сите заедно сме на Пожнозе, заедно со група граѓани ги помагаме за побрзо локализирање на пожарот“, вели Николов.

Обезбедени се цистерни со вода како и багери од ЈП Стипион и ЈП Исар.

„Апелирам до граѓаните да останат смирени и да ги следат насоките од надлежните институции. Во моментов преземаме се’ пожарот да не се прошири и целосно да се изгасне“, пишува градоначалникот на Штип.

 

Би можело да ве интересира

Регистрирани се 17 пожари на отворено во Македонија

А1он

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Отстранети опасни гранати од минатите војни од предел зафатен од мариовскиот пожар

Пет пожари активни, еден под контрола

Осум активни пожари во Македонија

А1он