Николов: Оваа Влада има пари за пенали и за непостоечки функции, ама нема за лекување на граѓаните

Од:

Надлежните од министерството за здравство потврдија дека цела година не мрднале со прст за да го намалат побарувањето за отштета од раскинувањето на договорот за изградба нов клинички центар во Скопје. Министерството за здравство не знае дали треба да плати осум милиони или 20 милиони евра рече на прес конференција Игор Николов, претседателот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

– Актуелната власт наместо нов клинички центар од наши пари ќе се плаќа милиони евра заради тоа што не е изграден нов клинички центар. Додека надлежните велат дека немаат доволно средства за најранливите пациенти, бесрамно потврдуваат дека цела година ништо немаат преземено за заштита на милиони евра пари на граѓаните кои сега ќе треба да се плаќаат за раскинување на договор за неизграден нов клинички центар. Министерството за здравство се самопрогласи за ненадлежно за обезбедување на средства за терапија за пациентите со цистична фиброза. Во меѓувреме доцнат сите тендерските процедури за пациентите со ретки болести, а надлежните само ги пренасочуваат пациентите по други институции однесувајќи се како да се сообраќајна полиција рече Николов.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела