Николоски: Власта не ги слуша ниту своите идеолози на мерките против корона, затоа јасно е оставки мора да има

Од:

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вели дека власта не си ги почитува кажувањата ниту на оние кои им се идолози на мерките кои се спроведуваа од почетокот на корона кризата.

Николоски ова го вели во коментар на изјавата на првиот човек на Комисјата за заразни болести, Жарко Караџоски кој пред некој ден изјави дека тие како Комисија препорачале летово да не се одржуваат свадби на затворено, а надлежните од власта го отфрлиле тоа.

„После таква изјава на човек кој е предводник на целата оваа политика на мерки во однос на короната, кои според мене се неефикасни од самиот почеток на пандемијата до денес, и кога таква изјава доаѓа од перјаница на власта од идеологот на овие мерки и кога е јасно дека власта не го послушала, јасно е дека оставки мора да има“, вели Николоски.

Според него непочитувањето и непридржувањето до мерките кои самите си ги предлагале значат загубени човечки животи за кои секој ден слушаме.

„Но, тоа значи и многу човечки животи во опасност во следниот период“, смета Николоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ