Николоски: Власта е во договор со Мијалков, му овозможи да избега од правдата

Од:

Од ВМРО-ДПМНЕ и порачаа на власта дека за 24 часа очекуваат да го обезбедат бегалецот Сашо Мијалков и да го изнесат пред лицето на правдата за да одговара за делата кои му ги изрекол судот. Александар Николоски на партиската прес-конференција рече дека доколку власта дозволи да избега Мијалков, треба да си поднесе оставка веднаш.

Криминалната коалиција Вице и Зоран и Сашо Мијалков ја доби својата кулминација. Како што знае јавноста на 22 октомври пред три години кога го исклучивме Сашо Мијалков од партијата знаевме дека постои криминална коалиција Вице, Зоран и Мијалков кои работат на уништување и разнебитување на Македонија. Наградата од Зоран Заев стигна овој викенд,со што се овозможи тој да избега од правдата. Имаме бегалец од правдата. Додека Оливер Спасовски и Радмила Шеќеринска ги нека никаде, а Зоран Заев жали и ја префрла вината.

Имаат 24 часа да го обезбедат бегалецот од правдата. Зоран Заев и Оливер Спасовски да го обезбедат затоа што се што зборуваме изминатите години се потврдува дека со Македонија владее криминална коалција која што ги руши основните вредности, ситемот на владеење на правото, која влијае врз бизнисте и ги рекетира, со Македонија владее крими колација. Затоа очекуваме во следните 24 да го обезбедат бегалецот Мијалков“, рече Николоски.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали очекува власта да го испорача Мијалков во следното деноноќие, тој рече дека се сомнева дека ќе биде изнесен пред лицето на правдата и додаде:

„Од ова власт не можеме тоа да го очекуваме, затоа што јасно се гледа дека постои договор помеѓу него и власта. Или ќе му се овозможи да избега или во стилот на Пабло Ескобар добиваат на време да ги договорат условите под кои тој би се предал“, додаде Николовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

(ВИДЕО) Кузманоска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3 отсто

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ