Николоски: Спречување на негирањето од бугарска страна е можно само со создавање на национална политика и влада која што ги штити македонските национални интереси

Од:

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска од Тетово одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар во однос на изјавата на министерот за надворешни работи на Бугарија за новите услови од Бугарија кон Македонија, вели дека ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период предупредувал дека бугарските барања немаат крај се додека од македонска страна нема јасна и цврста политика.

– Ние долго време предупредувавме дека барањата немаат крај, видовте пред неколку дена во Бугарија се формираше техничка влада и само што се формираше владата, новиот министер за надворешни работи испорача нови барања кон Македонија, уште поголеми од оние кои што се во договорот кој што се направи со Бугарија. Гледаме дека тие барања го надминуваат оној таканаречен француски предлог кој што сам по себе е лош и е национална катастрофа, сега Бугарите одат и чекор напред што само ја подржува нашата теза која што ја имаме месеци и години наназад, а тоа е дека никогаш нема да има крај на Бугарските барања се додека од македонска страна нема јасна и цврста политика, рече Николоски.

Николоски смета дека единствен излез и спротивставување на негирањето на постоење на македонскиот јазик, култура историја и традиција е создавање на национална политика и влада која што ги штити националните интереси.

– Се работи за 150 годишна стратегија на Бугарија, за стратегија која што го негира постоењето на македонскиот народ, македонскиот јазик, македонската култура, историја, традиција и самобитност. И затоа најдобар начин за спротивставување на истата е создавање на национална политика и една влада која што ги штити националните интереси како што за жал не е вадата која што во моментот ја води Македонија, дециден е Николоски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски