Николоски: СДСМ и ДУИ преку ЈО во Тетово си нарачуваат извештај каков што им одговара со цело да скријат одговорност, а таа е кај Венко Филипче

Од:

Очигледно е дека СДСМ и ДУИ преку обвинителството во Тетово си нарачуваат извештај каков што им одговара со цел да скријат одговорност, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска од Општина Кисела Вода, одговарајќи на новинарско прашање во врска со извештајот за модуларната во Тетово, и додаде дека најодговорен за целиот случај е министерот за здравство Венко Филипче, бидејќи тој е одговор за изградбата на модуларните кои се во неговото министерство.

Николоски истакна дека во најмала рака смешно е да се тврди дека 14 човечки животи се загубија заради некаков кабел.

– Во исто време дури и да е така како што тврди тетовското обвинителство, повторно одговорноста е кај Венко Филипче затоа што тој е министер за здравство и тој е најодговорен за изградбата на модуларните болници и за нивното функционирање, затоа што тие се во рамките на министерството за здравство и знаеме дека со промените на Законот за градење целосно е прескокната процедурата на кој начин истите требало да бидат изградени, рече Николоски.

Тој нагласи дека од одговорност не може да избегаат и одговорност ќе се случи после овие локални избори после кои ќе има и ново парламентарно мнозинство, затоа што 14 човечки животи кои беа загубени не можат да завршат со некаков кабел кој не бил исправен.

Би можело да ве интересира

Трето рочиште за завршни зборови во судскиот процес за модуларната болница во Тетово

Катерина Ѓуровски

Електричната инсталација во модуларната во Тетово не била по прописите, ја инсталирале двајца вработени во болницата сведочеше вештак

Ана Ололовска

Продолжува судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово

Ана Ололовска

Се бара слобода за докторот обвинет за пожарот во модуларната болница, рочиштето одново се одложи

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Прво судење за изгорената болница: Едниот директор не дојде на судење, другиот не чувствува вина

Кристијан Ландов

Ексдиректорот на тетовската болница еден од обвинетите за пожарот: Апсолутно не гледам вина кај мене

Кристијан Ландов