Николоски: Пендаровски призна дека се среќавал со контроверзниот консултант Асаф Исеин

Од:

Стево Пендаровски вчера призна дека користи консултантски услуги од контроверзниот консултант Асаф Исеин.Прашањето е дали тие консултантски услуги е само во делот на стратегии или можеби влегуваат и во изборни активности кои што се работ на законот вели потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ александар Николоски.

– Исто така Стево Пендаровски вчера пред целата македонска јавност призна дека Асаф Исеин е ангажиран од СДСМ, политичката партија која го кандидира Стево Пендаровски за претседател во 2019тата и 2014тата година и која што ќе го поддржи на овие претседателски избори кои што тој ќе ги изгуби. После ова јавно признание на Стево Пендаровски дека Асаф Исеин е консултант на СДСМ се поставуваат неколку прашања. Првото прашање е на кој начин е овој контроверзен консултант ангажиран? Уште колку лица заедно со него се ангажирани? Колку чини неговиот ангажман и кој го плаќа неговиот ангажман? Од која сметка се плаќа неговиот ангажман? Дали се плаќа од сметката на СДСМ, и ако е така зошто го нема во ревизорските извештаи на СДСМ? Доколку пак е ангажиран за изборната кампања на СДСМ, дали се свесни во СДСМ дека прават кривично дело, имајќи во предвид дека изборните сметки се уште не се отворени и не можат да се преземаат финансиски активности поврзани со изборите. Понатаму, се поставува прашањето дали можеби има договор со некоја државна институција и на тој начин е ангажиран, или можеби најлошото дали е можеби платен од некоја странска држава која што сака да направи услуга на СДСМ и на Стево Пендаровски. Доколку е така се работи за тешко кривично дело имајќи предвид дека забрането е финансирање на избори од страна на странски извори и странски држави, рече Николососки.

Тој вели и дека според нивните сознанија во последните 20 дена трипати Асаф Исеин престојувал во Македонија на по неколку дена, што значи дека последните 20 дена најмалку 10-тина дена бил присутен во Македонија.

– Колку пати се сретнал со Стево Пендаровски, со кој друг се сретнал од СДС, што за нив ќе прави, колку чини неговиот ангажман, кој го плаќа неговиот ангажман и зошто го нема во ниеден извештај на СДСМ? Исто така како е возможно лице кое е ангажирано од политичка партија да остварува средби со претседател на држава во службени простории на претседателот на државата и да одговорат и СДСМ и Стево Пендаровски кои се другите лица по потекло од Хрватска и Романија кои доаѓаат со него и на кој начин тие се ангажирани, додаде Николоски.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Нам не ни треба враќање назад во историјата, нам ни требаат можности за младите да останат дома

Предраг Петровиќ

Николоски до директорот на ТЕЦ Неготино: Од каде ти се парите за хациендата во која живееш, дали од крими тендерите на сопругата во РЕК Битола или од твојот криминал со мазут во ТЕЦ Неготино?

Пендаровски: Во Крушево дојдов за да ви кажам дека и тука и во цела Македонија ќе победиме, за бојкот тие нека му ја мислат

Предраг Петровиќ

Николоски од Росоман: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ целосно ќе го изгради експресниот пат Прилеп-Градско до 2027 година кој е значаен за граѓаните од овој регион

Сиљановска води во сите скопски општини: Предност пред Пендаровски има и во Чаир, Сарај, Шуто Оризари

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески