Николоски: Одржување и демократски избори без полнење кутии да бидат услов за членството во НАТО и почеток на преговори со ЕУ

Од:

Во рамките на работната посета на Вашингтон, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски оствари билатерална средба со највисокото раководство на Националниот демократски институт (НДИ).

Николоски разговараше со Дерек Мичел, претседател на НДИ и Роберт Бенјамин – Директор на НДИ за Европа. На средбата беше потврдена одличната соработка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и НДИ, како и големиот настан кој НДИ го организира за ВМРО-ДПМНЕ чија цел е градење на нови политики и обука на раковотството и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Истиот ќе се одржи следниот викенд и на него ќе учествуваат 80 претставници од ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата се разговараше и за политичката ситуација во Македонија, за поразителното ниво на корупција, за лошата економска клима и сл. Стана збор и за барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори, како и за престојните претседателски избори. Николоски се сретна и со конгресменот Роберт Аделхорт кој исто така беше информиран за целокупната политичка ситуација во Македонија.

Николоски побара од Аделхорт да се заложи во ОБСЕ, каде што и самиот е потпретседател, да се испрати силна мониторинг мисија за следните избори со цел да се спречат неправилности и полнење кутии. Николоски побара одржувањето кредибилни и демократски избори да биде услов за членство во НАТО и отпочнување на преговорите со ЕУ.

Николоски на средбите ги информираше соговорниците за штетниот договор за промена на името, кој остава трајни последици врз Македонија и значи целосно национално обезличување на Македонија.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче