Николоски од Росоман: Загарантиран откуп и навремена исплата на земјоделските производи

Од:

Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборна единица 4, Александар Николоски денеска на последниот ден од изборната кампања, пред жителите на општина Росоман, вети испитување на потеклото на капиталот на политичарите и носителите на јавни функции во изминатите 30 години, посочувајќи дека доколку се утврди дека некој ја злоупотребил функцијата ќе мора да го врати стекнатиот имот.

– После 15 јули ќе се донесе овој закон и ќе се испита потеклото на капиталот да знаеме кој работел чесно, а да знаеме кој работел нечесно. На тие што работеле нечесно како што е редот да им се оданочи за 70 проценти и да се врати кај народот и да се покрене кривична одговорност таму каде што има потреба, рече Николоски.

Додаде дека силен фокус ќе се стави на земјоделието, истакнувајќи дека нема да дозволат некој да им го јаде трудот и маката на земјоделците.

– Силен фокус на земјоделието, не смееме да дозволиме ситуација во која што вие ќе работите а некој друг ќе ви го јаде трудот. Не смееме да дозволиме ситуација земјоделците со испукани раце и со солзи во очите, а 5 до 6 луѓе дел од зелената мафија да бидат милионери. Не смееме да дозволиме ситуација во која што без пари ќе ви го откупуваат родот, а потоа ќе ви го продаваат за 4 до 5 пати повисоко, истакна Николоски.

Нагласи дека ќе има гарантирана цена на производите и навремена исплата со еден голем фонд кој државата ќе го определи од околу 200 милиони евра кои што треба да значат гарантиран откуп на земјоделските производи.

Ги повика граѓаните да излезат на масовно референдумско гласање, да дадат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија и заедно да ги донесат промените.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он