Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски говореше на самитот на Центристичката Демократска Интернационала во Будимпешта каде ВМРО-ДПМНЕ беше примена за полноправна членка.
Обраќањето на Николовски беше во присуство на целокупното раководство на организацијата каде што се:Претседателот на ЦДИ е Андрес Пастарана- Поранешен Претседател на Колумбиа, Генералниот секретар Антонио Лопез Истуриз кој истата функција ја извршува и во Европската народна партија, Потпретседателите Маријано Рахој- Премиер на Шпанија, Виктор Орбан- Премиер на Унгарија, Марио Давид од Поругалија, Хозе Марија Азнар- поранешен Премиер на Шпанија, Пиер Фернинандо Касани Поранешен Претседател на Парламентот на Итaлија, Јанез Јанша и Жозеф Дол Претседателот на ЕНП е Претседател за Европа на ЦДИ.
„Ви благодарам многу Генерален Секретаре, Претседателе, Премиере Орбан, почитувани претставници на сите политички партии кои се тука. Благодарам за времето и можноста. Би сакал да ве информирам што и се случува на мојата политичка партија во овие моменти кога сме во опозиција. Како што знаете минатата година беше избрана нова влада во Македонија предводена од СДСМ и од тогаш мојата политичка партија е под силен напад. Слушнав што кажа лидерот на опозициската партија на Венецуела и за жал можам да видам голем број на сличности. Во овој момент шест членови на парламентот од ВМРО-ДПМНЕ од мојата политичка партија се во притвор, дванаесет проценти од нашата парламентарна група се во притвор, веќе 90 дена со обвинувања за наводен тероризам против државата. Досега без обвиненија, а обвинителот ниту зел изјава од нив, а ги посетил само еднаш. Што значи дека не постои случај, не постои истрага и нема да има пресуда и поради тоа се оди со обвинувања. Според законот во Македонија до две години можат да ги држат во притвор и по истекот на тие две години ќе кажат ништо извинете немаше ништо тука. Паралелно со ова, повеќе од двесте членови на мојата партија се под истрага, вклучувајќи го и поранешниот премиер Никола Груевски, голем број на членови на неговиот кабинет и сите истакнати членови на мојата партија.
За голем дел од нив се прави телевизиски спектакл каде практично во живо се пренесува што се случува зошто тие одат на суд. Но генерално не постојат докази туку само шоу што трае подолго од една година. Паралелно со тоа постои голема медиумска цензура и супресија. Скоро сите медиуми кои не ја поддржуваат владата нивните сопственици или се веќе во суд или се под истрага. За едниот од медиумите чиј сопственик одлучи да ја поддржува владата одеднаш се прекина истрагата и одеднаш увидоа дека нема ништо од тој случај. Но за тие кои решија да не ја поддржуваат владата истрагата продолжува. Паралелно со ова владата во комуникациите со меѓународната заедница кажува само убави зборови и премиерот ги кажува оние работи кои меѓународната заедница сака да ги чуе. Зборуваат со убав речник, убави ветувања, фокусирани на проблемот со името кој и ние сакаме да го решиме и исто така сакаме да се реши час поскоро и Македонија да стане дел од НАТО и да започне со преговорите за членство во ЕУ. Но практично го користат овој проблем како дозвола за убиство и репресија на опозицијата. Паралелно со ова се случува јасен напад на човековите права и ова е обид за прикривање на лошите економски резултати. За прв пат во 2017 година Македонија имаше пад на БДП. Дури и во годините на Светската Економска Криза и Европската должничка криза, Македонија бележеше позитивен раст на БДП и беше една од ретките земји во светот која бележеше раст, за разлика од тоа во 2017 имаше пад на БДП.
Долготрајната пропаганда особено во Европските и Светските медиуми, која воглавно беше спонзорирана од фондациите и невладините организации блиски до моќни филантропи успеаја да ја уништат сликата за мојата политичка партија и за жал голем број на пријатели од меѓународната заедница или ги премолчуваат шесте притворени пратеници или зборуваат за нив за сцената. Ова е мој апел со кој барам поддршка за овие шест луѓе кои досега се повеќе од 90 дена во притвор без обвинение и без активна истрага во овој момент. Ние се обидуваме да ја реизградиме партијата со лимитираните можности кои ги имаме. Мислам дека покрај сите потешкотии добро е што народот е зад нас. Следната година ќе има избори, се надеваме на добри резултати и се надеваме дека овој политички терор кој се случува на мојата политичка партија ќе заврши. На крајот сакам да се заблагодарам на сите кои не поддржуваат во овие тешки моменти за мојата партија. Би сакал да му се заблагодарам на премиерот Орбан за сета поддршка која неговата партија Фидес ја дава на ВМРО-ДПМНЕ и се надевам дека оваа приказна за што се случува во Македонија ќе се рашири и дека гласови на разумот , демократијата и поддршката ќе дојдат во Македонија“ рече Николовски.