Од она што можеше да се чуе како предлог за Влада се создава цврст впечаток дека оваа е влада на исти луѓе, со исти вредности кои донесоа порази за државата, рече на денешната прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
„Ова е предлог на влада која Ковачевски ја поднесува, а Зоран Заев ја потпишува. Во самиот состав може да се забележи и конфликтот меѓу различните групации кои постојат во СДСМ, така што се сведува на расчистување на клановски битки од една страна, од друга страна еден целосен контитуитет на кадрите на ДУИ, коишто домираат и во оваа влада и насадената Алтернатива и неизбежниот ‘плата ол пломо’, Кастриот Реџепи“, кажа Николоски.
Според наго, составот на владата, кој како што кажа, Заев го аминувал, јасно е дека е по силна доминација на Оливер Спасовски, кој има свои кадри во истата.
„Она што е јавна тајна е дека најмалку десетина видни луѓе, професори, истакнати политичари, јавни личности итн. одбиле да се дел да се од оваа влада и го одбиле и Ковачевски и Заев да станат дел од истата, затоа што не се согласуваат со политиките на континуитет на економското и криминално доуништување на Македонија.
Затоа денес имаме состав на влада којшто ќе го продолжи заевизмот и кој нема енергија за реформи, нема план за евровските интеграции и нема предлози за подобар живот.
Тие ги имаат дури истите реченици, исти флоскули, исти фрази можат да се забележат и кај едниот и кај другиот што само говори дека истите ликови им ги пишуваат веројатно и говорите“, забележа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Николоски, сите луѓе на Ковачевски се всушност луѓе на Заев и на Оливер Спасовски.
„Ова е влада која ќе продолжи без решенија во клучните ресори, влада којашто нема решенија за економијата, за европските интеграции, влада којашто нема да испорача поевтина електрична енергија, којашто нема да помогне на стопанството, којашто нема да ги затопли македонските домови“, заклучи потпретседателот на опозициската партија.