Николоски: Ќе ја направиме Македонија економски силна, а народот национално горд

Од:

Потпретседателот и носител на изборна единица 4, Александар Николоски денеска е во посета на Валандово и валандовскиот регион.

Николоски оствари неформална средба и со поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов од кој, како што вели, добил поддршка за предвремените парламентарни избори.

-Денес сум горд што добив поддршка од претседателот Ѓорге Иванов. Претседателот Иванов мојот професор од студентските денови од кого научив многу за политиката која сега ја применувам е најчесниот и најискрен претседател кого Македонија го имала. Далеку најголем патриот на чело на државата. Човек кој се спротистави на националното обезличување на Македонија. Неговата визија и совети се од голема помош за мене во оваа кампања, рече Николовски.

Тој додаде дека во неговото родно Валандово со иванов разговарале за иднината на Македонија.

-Ќе ја направиме економски силна, а народот национално горд. Заедно ќе победиме во четворката и во цела Македонија, напиша Николоски на својата официјална фејсбук страница.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ