Постои судир на интереси во случајот со раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Битола Илија Србиновски кому му поднесовме кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување, изјави денеска заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љубчо Николовски, повикувајќи се известување од Јавното обвинителство.
Во известувањето, потенцира Николовски, се потенцира дека и оти кривичната пријава е доставена на натамошно надлежно постапување.
– Бидејќи во кривичната пријава која ја имате попднесено до ова Обвинителство произлегува дека кај пријавениот има судир на интерес, а воедно дека намерно предизвикал штета на земјиштето кое било доделено на неговата сопруга, кривичната пријава заедно со сите прилози е доставена на натамошно надлежно постапување на Основно Јавно Обвителство Битола, рече Николовски цитирајќи го известувањето.
Додаде дека најмалку што досега можел да направи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков било да го разреши Србиновски и да си поднесе оставка.
– Вакво нешто е недозволиво да се толерира во иституција на Владата. Илија Србиновски има кривична пријава за договор со кој е прекршен Законот за земјоделско земјиште во 2010 година, а цели 5 години контролата во Министерството не фунционирала, односно повисоките органи со години штителе незаконско работење и злоупотреби во него, истакна тој.
Потенцира дека е подготвена кривична пријава и за Цветков за злоупотреба на службената положба.