Николоски: Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе закон за забрана на увоз на тутун

Од:

Планираме да го донесеме законот за тутун кој што двапати го поднесувавме во Собранието, но досегашното мнозинство на СДСМ и ДУИ го блокираше. А, причината зошто го блокираше е затоа што имаа бизнис интереси рече носителот на пратеничката листа во Изборната единица 6 од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

– Имено, со тој закон ќе се забрани увоз на тутун во Македонија со цел да целокупниот македонски тутун, македонското злато да се откупува по повисоки и пристојни цени, како би можеле сите земјоделци пристојно да живеат. Така што тоа е она наше основно ветување односно тутунот.Секако тука се и зголемувањата на субвенциите, воведување на само три класи, а не како досега што има шест или седум класи зависно од откупувачите. Во делот на земјоделието планираме возобновување на сите водоснабдителни системи како и изградба на нови и комплетно нов систем на субвенции кој што ќе го врати достоинството на македонскиот земјоделец. А, тука ќе работиме интензивно и на она што е желба на жителите и на Конче и на општина Радовиш а тоа е носење на една поголема странска инвестиција која што треба да отвори нови и добро платени работни места за жителите на целиот овој крај, рече Николоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел

Џафери: Убеден сум дека ќе ги отстраниме предрасудите дека Албанците не можат и не знаат

Катерина Ѓуровски

Почна дистрибуцијата на избирачкиот материјал од битолската печатница

Димитриевски: Каде беше Ковачевски додека режимот на Груевски ја газеше Македонија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Битиќи: Да се издигнеме над ривалствата и поделбите, да бидеме одлучни за европската иднина на Македонија

Апасиев од Крушево: Со повеќе пратеници ќе спречиме штетни политики за државата