Николоски и Милошоски на средби со сенаторите Ли и Моран и Конгресмените Дојл и Клајн

Од:

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и претседателот на комисијата за надворешна политика Антонио Милошоски ја започнаа својата работна посета на Вашингтон САД.

Во Вашингтон остварија работната средба организирана од сенаторот Мајк Ли од Републиканската партија и конгресменот Мајк Дол од Демократската Партија. Исто така имаа и работна вечера со сенаторот Џери Моран Бен Клајн двајцата претставници на Републиканската Партија во САД. Главни теми на состанокот беа зацврстувањето на политичката, трговската и безбедносната соработка на САД со земјите од Југоисточна Европа, како и потенцијалите на Македонија во остварувањето на овие заеднички цели.

Николоски и Милошоски на средбите информираа за состојбата во Македонија при што истакнаа дека во Република Македонија корупцијата цвета, а економијата тоне. Слабата реализација на реформи и слабата борба со криминалот и корупцијата ја уназадуваат Македонија и државата изгуби три години со Заев и СДСМ. На средбата беше заклучено дека борбата со корупцијата и владеењето на правото се од огромно значење за Македонија и нејзиниот напредокот кон евро-атлантските интерграции.

Николоски и Милошоски ги информираа своите соговорници и за обидот на Заев да избега од избори на 12-ти aприл и одговорноста која следи. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи одложување на изборите и истите ќе се одржат на 12-ти април, а после победата на изборите доаѓа обновата на Македонија.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава