Николоски и Ковачевски расправаа дали во Македонија се живее добро

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски и пратеникот Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ расправаа дали во Македонија се живее добро. На ова прашање од Николоски нема конкретен одговор, туку објаснување од Ковачевски за успешните политики на Владата. Николоски не беше задоволен од одговорот и одново го постави прашањето, на кое и по вторпат не доби конкретен одговор.

„Македонија се соочува со национална катастрофа, негирање на традиција, култура, традиција, народ. Македонија направи голем компромис и го промени и името на државата. Како да не е тоа доволно имаме и економски пустош, а на основните производи некаде е над 100 проценти, електричната енергија поскапува. Секоја недела има поскапување на горивото. Дали во Македонија се живее добро?“, праша Александар Николоски.

Ковачевски одговори што се е направено откако СДСМ ја презеде власта.

„Јас ќе ви дадам споредби, па вие ќе ми кажете кога се живеело подобро. Минималната плата е зголемена 100 проценти во нашиот мандат. Сите вие ме критикувавте зошто застанав зад зголемување на минималната плата. Дури економистите од ВМРО-ДПМНЕ јавно кажуваа да не се качува минималната плата. Просечната плата е качена. Затоа што субвенционирањето е поради повисоко платени работни места. Во сите ТИРЗ зони сите плати се над просечната плата. Ако зборуваме за младинската невработеност таа беше 47 проценти сега е дојдена на 28 проценти. Сите активности а гаранции, обуки, се во таа насока. Тоа сега го гледаме. Во светот има највисока инфлација по Втората светска војна. Имаше и зголемување на пензиите. Порано на пензионерите им беа зголемувани пензиите еднократно пред избори. Воведовме методологија“, кажа Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Николоски: Дали СДС, Ковачевски и Пендаровски го плаќаат консултантот Еисин со пари од кешот што го извлекувале од тендерите со РЕК

Ковачевски ги соопшти носителите на изборните листи за парламентарните избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Владата во заминување повторно удри по граѓаните, Ковачевски со 2500 евра апанажа не чувствува глад

Ковачевски: Скопје е развластен град, лажни беа ветувањата на ДПМНЕ за современ град

Николоски: Пендаровски призна дека се среќавал со контроверзниот консултант Асаф Исеин

Катерина Ѓуровски

Николоски: Каде Пендаровски ја донира покачената плата и дали ќе се откаже од привилегиите зошто ќе загуби