Николиќ: Маката не спојува

Од:

Шефот на српската држава, Томислав Николиќ ја отпочна тродневната посета во Македонија.  Тој со неговиот домаќин, претсетаделот на Репоблика Македонија Горге Иванов ја коментираше состојбата за прием во Евроспката унија.

„И Македонија и Србија имаат сличен проблем да станат членки на ЕУ, упатени сме на што е можно поблиска соработка. Ако заедно покажеме дека сме ги уредиле државите и дека сме ги исполниле критериумите, побргу ќе пристапиме кон членство во унијата“, рече српскиот претседател.

Го коментираше и барањето на дел од европските земји за враќање на визниот режим за балканските земји. Не верува дека тоа ќе се случи, а барањето го толкува како вид притисок од Брисел.

„Тоа е слабост на Европската Унија, затоа што вие не можете, кога некој од Македонија или од Србија влезе во автобус и тргне на запад, да го исфрлите од автобусот и да кажете дека е лажен азилант. Но, оние кај кој тие доаѓаат во државите, кога ќе излезат од автобусот, веднаш може да видат дали се работи за лажен азилант, зошто отишол и каде отишол.

– Тие ќе го пуштат да помине два-три месеца таму, па потоа се обраќаат на Србија или Македонија и велат: вие ни испраќате азиланти, ние ќе ви ги укинеме визите. Зошто да ни ги укините визите? За да го сопрете народот да не може да патува?! Не е тоа голем проблем, тоа е можеби еден вид притисок. Јас сум убеден дека нема да дојде до тоа укинување на визите, бидејќи тоа значи враќање 10 години назад. Па потоа повторно ли ќе преговараме за укинување на визите? Мислам дека тој проблем со азилантите е измислен. Ниту една држава, и Македонија, и Србија, не ги организира тие азиланти. Ако знаат друг начин како со тоа да се бориме, ние ќе се бориме”, рече Николиќ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Сите ќе влеземе во ЕУ, но тоа нема да биде наскоро

Американските ракети ќе се произведуваат во Европската Унија

Песков: Русија не претставува закана за Европа и нема да започне светска војна

Ѕверски ја уби мајка си (69), па повика полиција

А1он

Во филмска акција во Нови Сад уапсен познат криминалец – десетпати и „побегна на смртта“

А1он