Николај Шабев: Првиот лет од Софија за Скопје ќе биде на 11 февруари, а редовните летови ќе започнат во март

Од:

Бугарскиот министер за транспорт Николај Шабев за БНТ изјави дека првиот лет од Софија за Скопје ќе биде на 11 февруари, а редовните летови ќе започнат во март.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, заедно со Шабев во Скопје ќе бидат и претставници на туроператорите од Бугарија, кои ќе се сретнат со нивните македонски колеги.

Заедно со двајцата министри во разговорите ќе учествуваат и најголемите инвеститори во областа на туризмот од Бугарија. За два-три часа туроператорите од Бугарија и Северна Македонија треба да се договорат за туристички пакети, со што посетите на туристите од двете земји да бидат профитабилни и атрактивни.

На тој начин, според Шабев, Бугарија сака да привлече два милиони туристи од Северна Македонија да ги посетат нејзините туристички места.

Шабев најави дека властите во Скопје ќе обезбедат слотови за летовите на авиокомпанијата со Софија, која ќе лета или до Тирана, или Атина или Истанбул. За рутата треба да има повластени давачки, кои ќе ги добива бугарската авиокомпанија што ќе ги извршува летовите. Тогаш ќе може да се види каков е протокот на патници во овие насоки, за да може да се направи точна проценка и авиолинијата да опстои.

Шабев најави дека ЕК предлага да се разгледа Коридорот за Западен Балкан, кој го исклучува Коридорот 8. Бугарија ќе предложи состанок на министрите за транспорт од Северна Македонија и Албанија со ЕК и Коридорот 8 да биде трансформиран во Коридор на Западен Балкан. Тој ќе биде финансиран од Европската комисија, изјави бугарскиот министер за транспорт Николај Шабев.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Софија одговори на идејата ЕУ да биде вклучена во разговорите со Македонија, потсетува дека обврските остануваат

Фрустрацијата кај македонските граѓани е огромна, отстапките се преголеми, но остануваме на е вропскиот пат, вели Мицкоски од Њујорк

Има очекувања на некои радикални елементи во нашата структура за повлекување од меѓународни договори и преговори – тоа би било идеално доколку сме ние сами на овој свет, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Марта Кос: Македонија мора да го исполни ветувањето и да ги внсе Бугарите во уставот

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Се водат разговори „под радарот“ за да се одблокира европскиот пат на земјава

Уставните измени треба да се спроведат, се надевам на конструктивност од соседите, порача евроамбасадорот Рокас