Николај Патрушев: Западот сосила ги вовлекува Македонија, Црна Гора и БИХ во НАТО

Од:

Секретарот за безбедност на Русија, Николај Патрушев, изјави дека е поставен стабилен курс за понатамошна експанзија на НАТО, кој настојува во Алијансата сосила да се вовлечат Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Тој во интервјуто за „Росискаја газете“ вели дека постојат континуирани напори да се разместат елементи на американскиот глобален нуклеарен штит во Европа и на американскиот антиракетен штит во Јужна Кореја.

„Консолидираните напори на Западот, меѓу другото, се насочени кон поткопување на процесот на интеграција со нашата земја, девалвирајќи ја идејата за „руски свет“ во целина. Тоа ја загрозува безбедноста не само на Русија, туку и на одреден број земји“, рече Патрушев.

Тој вели дека изборот на Доналд Трамп за претседател на САД не значи суштинска промена во руско-американските односи.

Би можело да ве интересира

Француската крајна десница го менува тонот кон Москва

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

Кремљ ја презема руската имотна база на Nestlé и Auchan

Макрон: „Франција беше мета на руски хибридни напади“

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

САД отвораат нов фронт против Русија: Трамп добива овластување за царини до 100%