Никола Мицевски ќе биде координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Македонија ќе има една пратеничка група, наместо досегашните десет. Ваква одлука е донесена на синоќешната седница на Извршниот комитет на партијата. Нов координатор на пратеничката група да биде пратеникот Никола Мицевски од Штип, кој доаѓа на местото на Драган Данев.

Местото координатор на пратеничка група остана празно откако Драган Данев пред неколку дена најави дека се повлекува од функцијата. Данев ја извршуваше функцијата неполна година, а неговото повлекување следи по низата исклучувања, разрешувања и оставки од партиските функции поради несогласувања со раководството.

За формирањето на единствена пратеничка група, според собранискиот Деловник, ВМРО-ДПМНЕ треба да го извести претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Повеќе детали се најавени за денеска.

Вчера претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Лука Кржаловски и уште неколкумина лченови на подмладокот на партијата дадоа неотповикливи оставки од функцијата. Претходно, оставка поднесе претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова, како и потпретседателката и генералната секретарка на Унијата, Лилјана Кузмановска и Лилјана Затуроска.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?