„По барањето со измените на Изборниот законик да добие 17 дополнителни пратеници гратис мислевме дека тоа ќе биде крајот на несериозниот пристап на Никола Груевски кон крупните политички прашања, а еве само неколку дена потоа без никакви анализи, без елементарно согледување на состојбите и без никаква комуникација со дијаспората испорачува уште еден несериозен предлог.
Самиот предлог за избор на 20 пратеници од дијаспората значи зголемување на вкупниот број на пратеници на 140, што за најсиромашната земја во Европа значи сериозен товар за граѓаните и даночните обврзници(на пример, Словенија има само 90 пратеници на приближно ист број жители). Дали Груевски малку размислил од каде ќе ги покрива трошоците кои ќе ги генерираат овие 20 пратеници – патни трошоци за патување во земјите од каде доаѓаат, одржувањето на комуникацијата со самата дијаспора.
Сето ова само потврдува дека Груевски е голем манипулатор и импровизатор, кој со ефтини трикови и се додворува на македонските иселеници, чиј број секоја година се зголемува благодарејќи на неговите економски и социјални политики, што уште еднаш потврдува дека тој е тотално дезориентиран во потргата по спас за својата „политичка глава“, се вели во соопштението на НСДП.