СДСМ: Никола Груевски е исплашен од изолација во неговата партија

Од:

Освен скандалите во коишто е вплеткан со братучедот Мијалков и неколкумина нивни соработници, работејки противуставно, противзаконско и криминално за лични цели, откриено е и нивното вистинско лице: потценувале, се потсмевале со мајтап и навреди, ги искористувале, дури и своите сопартијци.

По ова Груевски е соочен со можноста соработниците да почнат да му го вртат грбот, за што веќе има навестувања.

Оттука, соопштението за одржан состанок на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е само обид на Груевски за притисок врз нервозното членство.

За тоа говори и неговиот повик за “збивање“ на редовите во партијата, поради наводна можна дестабилизација. Македонија веќе подолго време ја дестабилизираат Груевски, Мијалков и неколкумина нивни соработници и тоа, станува јасно за целокупната јавност без разлика на каква било политичка или друга припадност, е ставот на СДСМ по соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за одржаниот состанок на ЦК.

Би можело да ве интересира

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош