А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Никој не прифаќа избори, а и доколку се одржат, платформата останува

by А1он08/03/2017 - 13:5108/03/2017 - 15:42347
Share0

Ниту една од парламентарните партии освен ВМРО-ДПМНЕ не смета дека нови избори се решение за излез од кризата. Партиите на Албанците за А1он велат дека платформата, или како што тие ја викаат декларацијата не е поврзана со избори. Велат, таа ќе остане и во иднина и тие ќе ги поддржат точките без разлика дали се власт или опозиција.

Добивај вести на вибер

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи за А1он вели дека избори не се решение за кризата.

– Треба да се почитува Уставот и да се даде мандат на мнозинството со цел да се формираат институциите, вели Османи.

Тој не одговори конкретно на прашањето дали ДУИ би ја променила одлуката за коалиција, туку само кратко одговори дека тоа е хипотетичка ситуација.

Ниту Движењето БЕСА не смета дека изборите се излез од кризата, иако како што велат, доколку би се одржале, БЕСА би била сигурен победник во албанскиот политички блок.

– Сметаме дека излез од оваа криза е формирањето на една стабилна политичка влада. Во повеќе наврати сме кажале дека со ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ не сме отворени за никаква соработка, вели за А1он шефот на кабинетот на лидерот на БЕСА, Фатон Фазлиу.

Тој појаснува дека декларацијата не е поврзана со избори, туку залагање дека партиите на Албанците ќе ги поддржат точките на таа декларација сега и во иднина, без разлика дали се дел од власта или опозицијата.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во неколку соопштенија истакна дека и за нив не се прифатливи нови избори, а против избори беше и Алијансата на Албанците на Зијадин Села.

Против избори се изјаснија и партиите кои излегоа на изборите на 11. декември, но не освоија ниту еден мандат во Собранието.

Александар Тодески

izboripartiiplatforma

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Горан Наумовски08/02/2026 - 13:50

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Горан Наумовски07/02/2026 - 21:09

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Горан Наумовски16/01/2026 - 10:36

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Предраг Петровиќ09/01/2026 - 19:05

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Горан Наумовски29/12/2025 - 14:50

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда

Горан Наумовски19/12/2025 - 08:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен