Никогаш нема да дозволиме македонскиот идентитет и јазикот да бидат на маса, порача Заев

Од:

Остануваме посветени и не се откажуваме, затоа што наша цел е европските вредности да ги донесеме овде до крај. Не е членството само заради членство во ЕУ. Во едни такви констелации ние во Бугарија потврдивме со обврската од португалското претседателство да доставиме патоказ или патна карта. Во самиот патоказ јасно се преземени обврските двете страни со конкретни датуми и конкретно задолжени институции во сите области за унапредување на соработка и буквално се сите области на коишто можеме да соработуваме.

Вака одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање во врска со соопштението вчера од бугарското МНР во кое стои дека остануваат консултациите со С Македонија за спроведување на Договорот за добрососедство, но бараат да почнеме да ги спроведуваме преземените обврски на високо ниво од 17 јуни 2021 односно од посетата во Софија.

– Го утврдивме и интензитетот на работа на историско образовната комисија. Потврдивме дека Северна Македонија е исто како Република Северна Македонија и никако тоа нема импликации или какви било територијални претензии према кој било од соседите, вклучително и према Република Бугарија и дека Република Северна Македонија и Северна Македонија се однесува исклучиво на територијата, на политичкиот субјект, на државата Република Северна Македонија. Подготвени сме да ги доставиме овие ноти секаде во земјите членки на ЕУ и каде што треба, рече Заев на заедничката прес-конференција денеска со премиерот на Албанија Еди Рама, во рамки на Економскиот форум што се одржува во Скопје.

Потврдивме, истакна Заев, дека не само што не се мешаме во внатрешните работи на земјите обострано исто така не се мешаме и во малцинските права затоа што тие се решени со европското право преку Судот за човекови права во Стразбур. Истовремено, информира, е потврдена и декларацијата од 2006 година од македонскиот Парламент во која се прави, како што рече, осуда на жртвите од 1945 до 1990 година кшто нашиот Парламент го има тоа усвоено во 2006 година. Потсети дека истовремено усвоивме декларација во која што ги јакнеме нашите пријателски врски и конекции.

– Потврдуваме и натамошно унапредување на нашата соработка во која што дефинитивно зборуваме дека да имаме два слични, но различни и меѓународно признаени јазици, конечно да ја демантираме и оваа теза која што беше лажно пласирано. Да двете земји веруваме дека имаме заедничка историја и да дека потврдуваме дека постојат луѓе коишто веруваат дека сме припадници на ист народ како што постојат и многу други луѓе коишто веруваат дека сме сосема засебни и посебни како народи, но сето тоа не повикува двете страни уште повеќе да си помагаме и да се поддржуваме во процесите коишто доаѓаат пред нас, појасни Заев.

Тој беше дециден дека никогаш не било отворено прашањето на нашиот идентитет и на нашиот македонски јазик заради тоа што, подвлече, ниту бугарската страна го отвори.

– Секако, тоа што го очекува цела ЕУ и европските граѓани, вклучително и граѓаните на Бугарија коишто се европски граѓани, е тоа нашето право на идентитет. Драго ми е што тоа не е на маса и нема да дозволиме никогаш да биде на маса затоа што за идентитетот наш македонски, за македонскиот јазик не се преговара, нагласи премиерот Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Пријателите на С. Македонија и Бугарија во Конгресот на САД ќе ја предводат групата за ЕУ

Ана Ололовска

Средби на вицепремиерот Димитров со министрите од ЕУ – силна поддршка за европското досие на С. Македонија

Ана Ололовска

Како земја и народ да бидеме третирани со достоинството што го заслужуваме, побара Димитров од европските министри

Жарко Настоски

ВИДЕО: Со ослободувањето на Мијалков и „алфите“, судијката Александра Ристеска ја демонтира третата „бомба“ на Заев

Маја Илиевска-Пачемска

Коалицијата со ДУИ не значи дека ќе ги запоставиме помалите партнери, вели Заев

Жарко Настоски

Заев и Ахмети на „одличен состанок“ договорија заеднички настап на СДСМ и ДУИ на локалните избори

Жарко Настоски