Мицкоски: Бугарскиот наратив кон Македонија нема да се промени

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека во односите и преговорите со Бугарија како Влада ќе опстојат на она што претставува наш корен, линија на македонскиот идентитет, дека тоа е црвента линија и од тоа нема да отстапи ниту милиметар. Не очекува да се промени наративот од бугарска страна и покрај најавите за формирање стабилна влада, се додека, како што рече, во земјава има политички и општествени структури кои се подготвени да коленичат пред бугарските власти.

– Во 21 век го негираат идентитетот на македонскиот великан Гоце Делчев. Во 21 век се уште македонскиот народ се соочува со овие предизвици за кои не би требало да се соочува. За жал наместо да се бориме за заедничка иднина, за подобра иднина ние се уште отвораме прашања од минатото и за жал дел од тие прашања со своите корени се во средниот век, рече Мицкоски во одговор на новинарски прашања по панихидата одржава по повод 123-годишнината од загинувањето на Гоце Делчев.

Иако во Бугарија се очекува стабилна влада по подолго време, Мицкоски не очекува бугарскиот наратив во однос на Македонија да се промени.

– Ако ме прашате лично мислење не очекувам воопшто да се промени атмосферата. Напротив, очекувам истата таа да се вжешти затоа што се уште има структури и политички и општствени кај нас дома, кои што се подготвени да коленичат пред бугарските власти и да бидат мекото ткиво на македонската надворешна политика. Се додека има такви структури и сили јас не очекувам промена на односот на нашиот источен сосед, рече премиерот.

Потенцира дека сепак, како влада се подготвени на разговори, но тие да бидат аргументирани.

-Ние како Влада сме секогаш подготвени за билатерални разговори, да ги соочиме нашите аргументи и се разбира оние аргументи кои ќе преовладеат ние сме подготвени да ги прифатиме, иато како што очекуваме и од спротивната страна да ги прифати, истакна премиерот Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Жртвата на бранителите – трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена

ВИДЕО: СДСМ тврди дека Владата ќе го прифати Францускиот предлог, Владата реагира дека се хистерични

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Се водат разговори „под радарот“ за да се одблокира европскиот пат на земјава

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија, сите што не мислат како него ги нарекува „талог“

Мицкоски: Денес се одбележува споменот за времето кое не се мери со години, туку со идеали, со жртви, со соништа!

А1он

Во Гостивар се намалува бројот на нови случаи, Мицкоски најавува наскоро исправна вода за пиење