НИКОБ ЛАБ: Прекинувањето на работниот однос е извршено на доброволна основа по принцип на спогодба

Од:

Поликлиникта на НИКОБ групацијата е да негува коректен однос кон медиумите, запазувајќи ги етичките норми на известување, и коректно е да се пласираат информации кога ќе се добие релевантна информација од НИКОБ групацијата. Доколку некој смета дека му се нарушени работничките права, постојат соодветни институции за овој вид на постапки, вели Милан Стефаноски од НИКОБ ЛАБ во изјава за „Локално“ во врска со информацијата објавена во медиумите дека без отказен рок и најава и од причини познати само за раководството од страна на лабораторијата остави на улица над 30 од своите вработени.

Од таму посочуваат дека НИКОБ ЛАБ е синоним за квалитет, најдостапна услуга и цени, и со нашето започнувањето со работа во дејноста, драстично се спуштија цените за Ковид 19 тестирањата дури и за 50%.

-Не коментираме пласирани и тенденциозни невистини, но овој пат ќе направиме исклучок.НИКОБ Лаб е синоним за квалитет, најдостапна услуга и цени, и со нашето започнувањето со работа во дејноста, драстично се спуштија цените за Ковид 19 тестирањата дури и за 50%.Инвестираме во персонал, инфраструктура и апаратура која излезе во пресрет на здравствениот систем, но највеќе излеговме во пресрет на граѓаните и нивниот буџет, затоа и сме лидери во тестирањето.Следејќи ја актуелнта состојба на пандемијата, олеснувањето на мерките во државата и во соседството, применивме модел на оптимизирање и рационализирање на ресурсите во дел од вработените во административниот сектор кои имаа временски ангажман заради зголемениот обем на работа во борба против пандемијата и задолжителните тестирања за Ковид 19, појаснува Стефаноски.

Од НИКОБ појаснуваат дека прекинувањето на работниот однос е извршено на доброволна основа по принцип на спогодба и е според Законот за работни односи и дека сите беа соодветно информирани.

-Доколку некој смета дека му се нарушени работничките права, постојат соодветни институции за овој вид на постапки. НИКОБ ЛАБ продолжува непречено со сите услуги кои се во интерес на граѓаните со најдостапни цени, квалитет и брзина и со најраспостранетата мрежа во државата.А, НИКОБ групацијата по сите основи е најголем работодавец во државата со домашен капитал со околу 3000 вработени, велат Стефаноски.

*ПР текст

Би можело да ве интересира

Никоб Лаб со гратис промоција: Со направена биохемиска анализа добивате бесплатна проверка на IgG антитела за Ковид 19

Тимовите на ПЗУ Никоб Медикал со превентивни мерки за граѓаните за заштита од високите температури

Предраг Петровиќ

НИКОБ ЛАБ со уште подостапни цени и услуги од мрежата на ФЗОРСМ

Ана Ололовска

НИКОБ се етаблираше како една од најпосветените општествено одговорни групации во државата

Ана Ололовска

Никоб Лаб од денеска со прилагодено работно време

Катерина Ѓуровски

Од НИКОБ Лаб – Промотивни цени за алерготестови во текот на целиот месец мај по повод светскиот ден на астмата

Ана Ололовска