Ние сме од полиција, дај ни 1600 евра за ќерката да не оди во затвор – уапсени измамници

Од:

Полицијата уапси две лица, едниот од Kуманово, 52 годишен, а другиот, штипјанец 57 годишен е уапсен на граничниот премин Табановце. Полицијата ги сомничи дека измамиле жена од Куманово да им даде околу 1600 евра под изговор дека нејзината ќерка направила сообраќајка и тие можат да помогнат да не оди во затвор ако им даде пари.

„ На 02.06.2024 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.Ф.(52) од Куманово, додека на 03.06.2024 на Граничен премин Табановце бил задржан С.Ш.(57) од Штип.Тие се сомничат дека на 01.06.2024 измамиле 79 – годишна жена од Куманово за сума од 100.000 денари. Тие ѝ се јавиле на телефон и претставувајќи се како вработени во полиција и ги побарале парите за да помогнат нејзината ќерка да не оди во затвор за наводна сообраќајна несреќа во која учествувала, а во која настрадало дете.“ велат од МВР.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Српското МВР уапси шест членови на организирана криминална група: Фалсификувале документи на ЕУ

Горан Наумовски

Таткото на еден од осомничените за убиството на малата Данка: Не се однесуваше чудно, не ни зборуваше за исчезнувањето на девојчето

Додека цела Србија ја барала Данка, осомничените се однесувале како ништо да не се случило – оделе на работа , шетале низ селото

Ова се осомничените за убиството на малата Данка – Полицијата донесе еден на местото на злосторството

Уапсени се двајца скопјани кои во автомобил криеле три пиштоли

Еден малолетник дошол со нож во училиште, а друг со електрошокер